Ердоган се состана со британскиот премиер Риши Сунак во Вилнус

 – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се состана со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, во рамките на Самитот на лидерите на НАТО.

Состанокот, кој беше затворен за медиумите, се одржа во литванскиот Изложбен и конгресен центар (ЛИТЕКСПО) во Вилнус, главниот град на Литванија.

Претходно Ердоган се состана и со својот француски колега Емануел Макрон.

Ердоган се наоѓа во Вилнус за да присуствува на Самитот на лидерите на НАТО денес и утре.

Триесет и еден лидер на воената Алијанса се состануваат за да разговараат за војната во Украина, членството на Шведска во НАТО и чекорите за зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО.