Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Туркије повеќе од 20 години вложува напори и константно ги зајакнува односите со братските и пријателските земји.
Ердоган на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер објави порака во која се осврна на напорите што ги вложува Турција во односите со братските и пријателските земји. Заедно со текстот, тој сподели и фотографија за време на една од неговите посети на Сараево, главен град на Босна и Херцеговина.
„Не можеме доволно да му се заблагодариме на Бога што имаме дом како Турција, што имаме татковина како Турција. Турција отсекогаш била безбеден дом и место на благосостојба за секој брат и сестра што низ историјата биле во неволја, Черкезите, Татарите, Гагаузите, Албанците, Помаците, Бошњаците, Туркмените, Мешкетите, Узбекистанците, Ујгурите“, наведе Ердоган, пренесе ТРТ БАЛКАН.
Тој рече дека Турција со текот на времето има сѐ посилни врски со своите братски и пријателски земји, со кои дели заедничка историја, култура, јазик и религија.
„Заедно со Азербејџан го ослободивме Карабах по 30 години окупација. Со нашата ТИКА и Генералниот директорат на вакафот ги обновивме и оживеавме наследството и историските споменици на нашите предци. Со ЈТБ, Институтот ‘Јунус Емре’ и Фондацијата Маариф ги заштитивме нашиот јазик, историја и цивилизациски вредности. Ги зајакнавме нашите човечки и комерцијални врски со нашите Туркиш ерлајнс, Анадолу и ТРТ. Со нашата Црвена полумесечина, АФАД и невладините организации им притрчавме на помош на нашите браќа во тешки денови“, наведе Ердоган.
Нагласи како Туриијја ѝ притрча на помош на Босна и Херцеговина за време на поплавите, но и на Албанија во разорниот земјотрес.
„Како резултат на овие напори, со кои продолжуваме веќе 21 година, повторно ги освоивме срцата и го зачувавме наследството на султанот Фатих по еден век копнеж. Се надеваме дека и по 28 мај ќе продолжиме да го чуваме аманетот што ни го даде покојниот Алија Изетбегови]“, порача Ердоган.