– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре во Сочи, Русија, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Ердоган утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Сочи на покана на рускиот претседател Путин, соопшти денес Канцеларијата за комуникации при турското Претсдателство.
На средбата на Ердоган со Путин ќе се разговара за билатералните односи меѓу Турција и Русија во сите нивни димензии, и ќе се разменат мислења за актуелни глобални и регионални прашања.