Ердоган: Ќе ја свикаме работната група за безбедност на храната, давајќи придонес за глобалната безбедност на храната
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, зборуваше на прес-конференцијата во врска со Самитот на лидерите на Г20.
Обраќајќи им се намедиумите во прес-центарот, претседателот Ероган првенствено се осврна на силниот земјотрес кој го потресе Мароко и истакна: „Како земја која пред 6 месеци доживеа катастрофале н земјотрес, подготвени сме со сите свои капацитети да им помогнеме на мароканските браќа.“
Зборувајќи за климатските промени и обновливите извори на енергија, турскиот претседател рече дека како земја преземаат важни чекори, како на полето на обновливата енергија, така и на полето на инвестициите во нуклеарната енергија и водородот.
Ердоган рече дека Турција верува дека е можен поправеден свет и неговата земја најмногу помага сразмерно на бруто националниот приход.
Ердоган се осврна и на договорот за црноморското жито и условите под кои тој беше договорен меѓу Украина и Русија со посредство на Туркије и Обединетите нации (ОН), потенцирајќи: „Процесот кој ја исклучува Русија по прашањето на црноморското жито веројатно нема да биде одржлив.“
Тој додаде дека Турција вложува интензивни напори да се стави крај на војната во Украина, повикувајќи ги двете страни да избегнуваат чекори со кои се зголемуваат тензиите.
Претседателот Ердоган рече дека во Турција наскоро ќе одржи состанок на работната група за безбедност на храната, со цел да придонесе во глобалната безбедност на храната.
Зборувајќи за скрнавењето на светите книги и придобивките кои се постигнати во разговорите на Самитот на Г20 во Њу Делхи, Ердоган истакна дека на предлог и залагање на Турција, скрнавењето на светите книги е осудено и во декларацијата на Г20.
Во врска со сѐ палење на Куранот, и тоа под полициска заштита, Ердоган рече дека тоа претставува отворена провокација и злосторство од омраза, додавајќи дека не може да молчи на таа тема. Тој смета дека сите земји би требало да следат поодлучна политика по прашањето на непријателството кон исламот.