Ерлинг Халанд како „русокоса убавица“: Привлекол внимание со долгата коса и впечатливата облека (фото)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, го претстави новиот дрес на својот клуб, но се најде во центарот на вниманието поради фризурата и облеката што ја носеше.

Додека најдобрите фудбалери во светот се на одмор, истовремено се прават подготовки за новата сезона, а тоа вклучува и презентација на новите дресови.

Манчестер Сити вчера го претстави својот трет дрес за следната сезона, а за него беше задолжен најскапиот играч на клубот, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот, како што правел многу пати досега, привлече внимание со својот автентичен изглед. Халанд ја спушти долгата, руса коса, а во комбинација со очилата за сонце и полните усни – не е ни чудо што се коментира дека наликува на девојка.

Тој додаде дополнителна доза на „шарм“ со долг сив капут, како и со претходно споменатите очила, па презентацијата на новиот дрес падна во втор план.

Носеше широки сиви панталони и црни мокасини на нозете.

Кога станува збор за дресовите, тоа е целосно црн сет дресови само со логоата на клубот и клупските спонзори во сјајно сива боја.

Халанд, за потсетување, искористи неколку слободни денови за да се релаксира со својата девојка Изабел, посетувајќи го Рим. Тој не го криеше својот ентузијазам за посетата на Вечниот град.