Есенски бобинки! Велат дека овој домашен сируп е чисто здравје! Еве како да го направите сами

Бобинките од црната рибизла содржат антиоксиданси, витамини Ц и Е, флавоноиди, терпени и други материи кои имаат антивирусно, антибактериско и диуретично дејство.

Тие созреваат во септември, а од тие здрави темно сини плодови се подготвува сируп за подобрување на здравјето .

Посебно е одличен за време на сезонски настинки, грип и вируси. Помага во борба против треска, јакнење на имунитетот, анемија, влијае на нивото на железо во крвта, како и при општа слабост на организмот, запек и во борбата против стресот. Бобинките не треба да се јадат сирови бидејќи се токсични и можат да предизвикаат труење. Токсичноста на бобинките е целосно уништена со термичка обработка, а сирупот е сосема безбеден за консумирање. Доколку го изоставите ѓумбирот од рецептот, овој пијалок може да го пијат и децата.

Состојки:

1 килограм зрели бобинки; 1 l. вода; 0,75 кг шеќер; 2 см корен од свеж ѓумбир; сок и кора од еден лимон; 0,5 килограми домашен мед

Подготовка: 

Покријте ги бобинките со вода и варете околу 15 минути. Се трга од оган, се додава шеќерот, ренданиот ѓумбир, сокот и ренданата кора од лимон. Покријте, оставете да отстои 30 минути и процедете низ сито. Исцедениот сок загрејте го да зоврие, додадете мед, добро измешајте и додека е уште топол, истурете го во чисти стаклени шишиња. Чувајте го сирупот на ладно и темно место (можеби во фрижидер) и користете го како сируп за разредување.