„ Македонија треба да биде кандидат со целосни права и веднаш да стане членка на Европската Унија. Македонија е многу солиден партнер, билатерално и во мултилатералните сојузи како НАТО и ОБСЕ“, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во официјална посета на Приштина.
Ова го објави Американската амбасада во Скопје на својата Фејсбук страница.
Ескобар на вториот ден од посетата на Косово го посети манастирот Дечан, еден ден откако Владата ја задолжи Агенцијата за катастар да го запише имотот на манастирот од 24 хектари земјиште, а потоа ја посети општина Пеќ, каде се сретна со градоначалникот Газменд Мухаџери, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, како и со младите од албанската, српската и босанската заедница во таа општина.