ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје информира дека почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Град Скопје со кој управува. Во соопштение наведува дека топланите во 6 часот почнале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите, а производството запрело во 10 часот.
-Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува, соопшти ЕСМ.
Апелира до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.
-Да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, повикува ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје .