Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна, го прими на средба министерот за надворешни работи на Србија3, Марко Ѓуриќ.
Цахна во објава на „Х“ даде силна изјава, каде ја критикуваше Србија за нејзиниот однос кон безбедноста во Европа и суверенитетот на Украина.
Естонскиот министер нагласи дека е неприфатливо да се ракува со воени злосторници кои имаат за цел да ја поткопаат европската безбедност.
Тој ја повтори својата поддршка за дијалогот меѓу Србија и Косово, сметајќи дека е пат кон мирот.
„Го поздравив Марко Ѓуриќ и истакнав: Неприфатливо е да се ракува со воен злосторник кој се обидува да ја поткопа безбедноста на Европа и суверенитетот на Украина.
Се очекува Србија како кандидат за ЕУ да се усогласи со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.
Го поддржувам дијалогот меѓу Србија и Косово кон мир“, напиша Цахна
I welcomed @markodjuric🇷🇸 & emphasized
— Margus Tsahkna (@Tsahkna) September 16, 2024
🔹It’s unacceptable to shake hands with a war criminal who is trying to undermine security of Europe & #Ukraine‘s sovereignty
🔹#EU candidate #Serbia is expected to align with 🇪🇺CFSP
🔹I support a dialogue between Serbia&Kosovo towards peace pic.twitter.com/c2zAh3nbEt