Нашата поддршка за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски е непоколеблива, изјави претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел.
Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел изјави дека внимателно ги следи настаните кои започнаа со бунтот на групата Вагнер против руската администрација и изјави дека тоа е внатрешно прашање на Русија.
Изјавувајќи дека е во контакт со европските лидери и партнерите од Г7, Мишел рече: „Ова очигледно е внатрешно прашање за Русија“.
„Нашата поддршка за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски е непоколеблива“, рече Мишел.
Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин ја обвини руската армија за напад на Вагнер и се закани со одмазда.
По ваквата ситуација, Федералната служба за безбедност (ФСБ) покрена кривична постапка под обвинение за „вооружени немири“.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се демантираат тврдењата дека биле нападнати логорите на Вагнер.
Во утринава изјава, министерството ги повика сите борци на Вагнер да „бидат будни“ и да контактираат со полицијата.