Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, денес изјави дека Европската Унија (ЕУ) останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област.
„Мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулатори продолжуваат, што е неприфатливо“, изјави Кос за новинарите на брифингот на Советот за општи работи на ЕУ, по дискусијата на министрите од неколку земји-членки и земји-кандидатки за владеењето на правото во ЕУ.
Данска моментално претседава со Советот, а нејзината министерка за европски прашања, Мари Бјер, изјави дека владеењето на правото во ЕУ во моментов е нејзина најважна вредност.
Бјер изјави дека за време на дискусијата, министрите разговарале за состојбата со владеењето на правото во земјите од Западен Балкан, осврнувајќи се на извештајот објавен на оваа тема од страна на Европската комисија (ЕК) во јули оваа година.
На дискусијата на Советот на ЕУ присуствуваа и министрите за европска интеграција на Србија, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кои не го коментираа исходот од разговорите, објави новинската агенција „Бета“.