– Европската унија објави дека косовските власти имаат десет години да го изготват статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и дека во сегашната фаза од дијалогот се очекува да понуди коментари и предлози за нацрт-статутот донесен во Белград и Приштина од Западната петорка.
Во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека може да напише модерен европски нацрт на статутот на ЗСО, ЕУ соопшти дека нацртот што го претставија претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија на партиите на 21 октомври претставува „современ европски начин за решавање на чувствителните прашања за заштита на малцинствата“.
-ЕУ и нејзините партнери веруваат дека ова е најдобриот можен начин да се реши проблемот меѓу двете страни. Очекуваме двете страни да продолжат со дискусиите врз основа на овој нацрт, се вели во одговорот на ЕУ.
Последниот нацрт на статутот на ЗСО на Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им го претставија претставниците на САД и ЕУ за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак, советниците за надворешна политика на претседателот на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Италија, Алесандро Катана.
За овој нацрт-статут, кој Западната петорка го опишува како „модерен и избалансиран европски предлог“, се разговараше и на одвоените средби на Курти и Вучиќ со лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија на 26 октомври во Брисел. Новиот нацрт на статутот на ЗСО беше тема и на средбите на Лајчак со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, во ноември и декември.