– Европската Унија (ЕУ) се согласи да додели 100 милиони евра во форма на заеми за обнова на Украина, јави ДПА.
Сумата е надополнување на средствата што ЕУ веќе ги додели за оваа земја.
-Решени сме да го вратиме животот во сите општини во Украина кои настрадаа од руската агресија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Европската инвестициска банка ќе ги додели парите кои ќе се користат, на пример, за обновување на општинската инфраструктура или за поправка на електричната мрежа.
ЕУ веќе обезбеди околу 70 милијарди евра за Украина од почетокот на руската инвазија. Во оваа сума се вклучени и 2,4 милијарди евра финансирање од ЕИБ.