“ЕУ СТОИ ПОЗАДИ УКРАИНА“ – Жозеп Борел испрати јасна порака до Владимир Путин: “Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи!“
„Поддршката на Европска унија за Украина е многу важна во долгорочниот план“, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Како што објави германската медиумска агенција dpa, Жозеп Борел на состанокот во Стокхолм на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија истакнал дека Русија и претседателот Владимир Путин мора да разберат дека ЕУ ќе истрае во своите напори.
„Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи“, нагласил Жозеп Борел обраќајќи му се на Владимир Путин.
Тој додал дека Европската унија не само што сега треба да обезбеди муниција, туку треба да подготви повеќегодишна поддршка за Украина.
„Украина мора да знае дека ќе ја поддржуваме не само во нејзините секојдневни битки во војната, туку и на долг рок“, заклучил Жозеп Борел.