“ЕУ ТРЕБА ДА БИДЕ ИНОВАТИВНА“ – Емануел Макрон сака побрзо проширување на Европската унија, но засега нема одлука за тоа
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Гранада изјави дека сака побрзо проширување на Европската унија (ЕУ), но оти досега земјите-членки не донеле никаква одлука.
„Уверени сме дека мораме да одиме многу побрзо по тоа прашање“, изјави Емануел Макрон по неформалниот самит на ЕУ во Гранада, додавајќи дека е за поставување амбициозна и прецизна цел.
„Сепак, засега е премногу рано и не е донесена никаква одлука“, додаде францускиот претседател.
Европската комисија оваа есен треба да ги претстави своите препораки за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, кои добија кандидатски статус во јуни 2022 година.
Кандидати за членство се и пет земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.
„Постои се поголем консензус дека се соочуваме со вистинска трансформација … на нашата геополитичка визија за Европа“, вели Емануел Макрон.
Според него, ЕУ треба да биде иновативна.
„Неколкумина од нас (во ЕУ) предложивме метод и нова амбиција за проширување“, додаде францускиот претседател.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на крајот на август потврди дека ЕУ мора да биде подготвена да интегрира нови членки до 2030 година