Жалфија за смирување, освежување и енергија

Жалфијата може да ја добие титулата најлековита билка на светот, со оглед на тоа дека помага при повеќе состојби. Има антибактериско дејство, помага за смирување, освежување, енергија, против болки и висока температура, а го намалува и нивото на шеќер.

Според некои истражувања, помага за дијабет и за Алцхајмер. Се користи и за лекување авти, за непријатен здив, за проблеми со грло и крајници, против дијареа и повраќање. Познато е дека помага и при работата на цревата.

Препорачано е чај од жалфија да се пие барем еднаш неделно.