„Жената е жена, мажот е маж“: Карлос Сантана се најде на удар на критики поради неговите коментари за време на концерт во Њу Џерси

Музичарот Карлос Сантана се најде на удар на негативни критики поради неговите коментари против трансродовоста во текот на концертот во Њу Џерси во јули.

„Кога Бог нè создаде тебе и мене, пред да излеземе од утробата ти знаеш кој си и што си. Подоцна, кога ќе пораснеш гледаш нешта и почнуваш да веруваш дека би можел да бидеш нешто што звучи добро, но знаеш дека не е во ред, бидејќи жената е жена, а мажот е маж – тоа е тоа. Што и да сакаш да правиш во ормарот, тоа е твоја работа, јас се сложувам со тоа“, навел Сантана.