Актерката Хали Бери предизвика бурни реакции на синоќешната холивудска премиера на „The Union“ – а еве зошто.
Таа на црвениот тепих прошета во проѕирен црн фустан, придружувана од нејзиниот колега Марк Волберг со кој глуми во споменатата комедија.
Жената-мачка, како што многумина ја нарекуваат познатата Бери, носеше фустан од тантела со средна должина на кој се покажуваше сè одоздола. Последователно, можеше да се забележи дека познатата актерка не носеше градник, но за среќа – ја донесе долната облека.
Целото издание го комплетираше со едноставна шминка во земјени тонови и брановидна фризура.
Може да се каже дека годините се само бројка за Хали Бери, бидејќи и во шестата деценија изгледа феноменално. Витката линија и мускулестото тело се нејзините најсилни предности, а сето тоа благодарение на еден спорт.
„Никогаш не сум била поздрава и никогаш не сум се чувствувала подобро“, рече таа еднаш.