Жена била растргната од тигар пред очите на нејзината ќерка и внука: Излегла од автомобилот да помогне, но ѕверот немал милост (видео)
Шокантна снимка е објавена од безбедносна камера во сафари парк во Кина, каде што жена била нападната и влечена од тигар пред нејзиното семејство.
Инцидентот се случил во 2016 година во „Бадалинг Вајлдвајд Ворлд“ во Пекинг, кога една несреќна жена, верувајќи дека нејзиниот автомобил ја напуштил зоната за диви животни, излегла од возилото. За неколку секунди, тигарот се нафрлил врз неа и ја одвлекол, а видеото сега е објавено.
На видеото се гледа како нејзиниот сопруг веднаш излегува од автомобилот за да ѝ помогне, додека една постара жена, според локалните медиуми нејзината мајка, исто така истрчала кон местото на инцидентот.
Нејзиниот обид да помогне заврши трагично, бидејќи беше нападната од друг тигар и почина веднаш.
Според извештаите од тоа време, автомобилот во кој се превезувале тројца возрасни и едно дете бил паркиран некое време кога помладата жена излегла, верувајќи дека сега се надвор од опасност.
Таа била спасена и однесена во болница со тешки повреди, додека нејзината мајка починала на самото место.
Исто така, се верува дека човекот се обидел да ги спаси членовите на своето семејство, додека детето останало во автомобилот. Семејството на крајот било спасено од персоналот на Бадалинг Парк.
Паркот, кој се простира на 6.000 хектари и каде што посетителите можат сами да возат или да се приклучат на тура, строго предупредува дека возилата не треба да се оставаат во ниту еден момент, пишува Дејли Меил.