ЖЕНА ВО РУСИЈА СЕ ЗАДАВИЛА ОД ПАЛАЧИНКА за време на натпревар во брзо јадење

38-годишна жена, која летувала во санаториум во Омск, се задавила за време на натпревар во јадење палачинки организиран по повод рускиот празник Масленица, пренесува Тасс.

На местото на настанот пристигнала брза помош, но жената починала. Надлежните соопштија дека во тек е проверката на дојавата за смртта на жената во санаториумот.

Според информациите од социјалните мрежи, станува збор за санаториумот „Комуналац“ каде вчера се одржал натпревар во јадење палачинки.

Масленица е руски празник кој го означува крајот на зимата и почетокот на Велигденскиот пост. По тој повод, во текот на целата недела, последната во февруари, се прават палачинки, разни колачи, се организираат забави со народна музика и игра.