Жена во Франција му одгризала јазик на силувач и како доказ го донела во полициска станица!

Жена (57) на 19 февруари во четири часот наутро го шетала своето куче во Авињон, Франција, кога маж почнал да ја следи.

Женаta која била жртва на сексуален напад му го одгризала јазикот на напаѓачот и како доказ и го предала на полицијата.

Таа на 19 февруари во четири часот наутро го шетала своето куче во Авињон, Франција, кога еден маж почнал да ја следи.

Тој наводно и пришол, се обидел грубо да ја прегрне и бакне, притоа туркајќи ја раката по нејзините панталони.

За време на тепачката, жената му го одгризала јазикот на насилникот и побегнала дома. Потоа, во придружба на нејзиниот син, донела парче јазик во локалната полициска станица.

Полицијата набрзо го уапсила мажот кој по потекло е од Тунис и живее илегално во Франција.

Наводно изјавил дека жената го нападнала.

Ќе следи неговото судење и тој ќе мора да ја напушти Франција, пишува France Bleu.