Жена гледала сè од тераса и откри нови детали од масакрот во Врачар: Го стави ранецот меѓу нозете, капа на глава и ги крена рацете во вис (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден вистинска бура во јавноста предизвика бизарното злосторство во Врачар кога ученик од седмо одделение уби седум девојчиња и едно момче во училиштето, како и еден чувар!

Тој бил толку решен да ги убие учениците што на почетокот на смртоносниот поход испукал 15 куршуми кон обезбедувањето, а потоа продолжил кон својата цел. На крајот и се предал на полицијата.

Жената која гледала сè од терасата вели дека момчето откако повикало полиција ја ставило капата на главата, го ставил ранецот меѓу нозете и ги подигнал рацете, па чекал полиција. Подоцна при апсењето полицијата го покрила со јакна.

Инаку, според сознанијата, секоја наставничка различно реагирала за време на инцидентот, а наставничката по француски ги однела децата на другата страна откако слушнала истрели во дворот и им кажала дека имаат лекција во природа.

Да потсетиме, ученик на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици и еден чувар, додека повреди шест ученици и еден наставник по историја.

Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта во Србија почна утрово со едноминутно молчење, со цел да им се оддаде почит на учениците и вработените во основното училиште ,,Владислав Рибникар” во Врачар.