ЖЕНА ЖИВЕЕЛА 80 ГОДИНИ СО ИГЛА ВО МОЗОКОТ – Докторите имаат ‘луда’ теорија за тоа како таа стигнала таму, а тоа е многу шокантно
Игла од три сантиметри е откриена во мозокот на 80-годишна жена во Русија, потврдија тамошните здравствени власти, пренесува Insider.
Министерството за здравство на регионот Сахалин во објава на социјалните мрежи напиша дека локалните радиолози пронашле игла од три сантиметри за време на рендген. Не се наведува кога точно се случило ова, но се знае дека тоа било годинава.
Во левиот париетален лобус на жената е пронајдена игла.
Официјалните лица изјавиле дека иглата била во нејзиниот мозок уште од нејзиното раѓање, а докторите веруваат дека нејзините родители се обиделе да ја убијат кога била бебе.
Имено, за време на војната, некои очајни родители вметнувале игла во мекото место на главата на новороденчето, каде што коските во черепот се уште не биле споени. Тоа место, фонтанелот, потоа би се затворило и иглата би била вметната во мозокот на детето и детето би умрело.
„Ваквите случаи не беа невообичаени во годините на глад“, додаваат од министерството.
Оваа сега 80-годишна жена најверојатно е родена околу 1943 година. Но, преживеала обид за чедоморство и никогаш немала главоболка од иглата во мозокот.
Докторите рекле дека сега нема да ја извадат иглата бидејќи се плашеле дека операцијата ќе и ја влоши состојбата. Нејзиното здравје не е загрозено и таа е под докторски надзор.
Сахалин е остров со околу 500.000 жители лоциран во близина на југоисточниот брег на копното Русија. Се наоѓа во Охотското Море, северно од јапонското Хокаидо. Контролата на островот беше поделена помеѓу Советскиот Сојуз и Јапонската империја на почетокот на 20 век, но Москва го презеде островот во целост за време на Втората светска војна.