Жена се породила на предното седиште! Не стигнаа ни во болница, бебето само излегло

Млада мајка од Перт доживеала несекојдневна ситуација кога на предното седиште во автомобил го родила своето второ дете, а покрај неа бил нејзиниот партнер.

Миа Катсон (26) на TikTok го сподели своето незаборавно искуство со раѓање, кое го опиша како „диво и убаво“. За разлика од првото породување кое било предизвикано, овој пат се се случило многу побрзо отколку што очекувала.

– Во понеделникот наутро се чувствував одлично – ја започна својата приказна Миа, која беше бремена во 40 недела и три дена. Иако подоцна во текот на денот почувствувала необичен притисок во долниот дел на стомакот, сличен на болки во гасови, мислела дека тоа можеби е само почеток на породувањето и продолжила со секојдневните обврски.

Тој ден отишла на преглед каде дознала дека веќе и е раширена три сантиметри. Иако акушерката проценила дека бебето може да дојде пред петок, Миа не очекувала дека се ќе се случи тој ден.

Околу 12 часот и 30 минути, кога се вратиле дома, работите наеднаш се смениле. По краткото туширање, Миа почувствувала поголема болка, но сè уште не била сигурна дали тоа е вистинската работа. Дури кога контракциите станале интензивни и почести, решиле да одат во болница.

На пат до болница, за кој требало да бидат потребни 20 минути, нејзината болка станала неподнослива. Во моментот кога и пукнала водата, сфатила дека породувањето е неизбежно.

@mia.kaston Part 1 of my unintentional car birth #birthstory #freebirth #labourandbirth #precipitousbirth #australia #mumsoftiktok ♬ original sound – Mia Kaston

Таа родила бебе на предното седиште

– Му реков на партнерот да го запре автомобилот. Кога ја отвори вратата, јас веќе го држев бебето на градите. Таа е родена розова и плаче, бевме во шок – изјави Миа.

Тие повикале брза помош, која пристигнала за седум минути, но искуството со нив го опишале како непрофесионално.

– Немаа ниту крпи, ниту ќебиња, а додека се расправаа дали да ја пресечам папочната врвца во автомобилот или во амбуланото возило, јас морав гола да одам до возилото, додека автомобилите поминуваа покрај нас – изјави Миа.

@mia.kaston Part 2 of my unintentional car birth 🤍 #mumsoftiktok #laboranddelivery #birthstory #perth #unmedicatedbirth #freebirth #homebirth #baby #fyp ♬ original sound – Mia Kaston

За време на возењето со брза помош, Миа ја исфрлила плацентата, со болни контракции и без аналгетици. Иако изгубила 1,3 литри крв и морала да остане во болница преку ноќ, таа го опишала искуството како убаво.

– Знам дека на некои ова би звучело трауматично, но за мене тоа беше позитивно искуство. Единствено жалам предното седиште на автомобилот – низ насмевка изјави Миа.