Жена ја снимила средбата помеѓу нејзината 14 годишна ќерка и новородениот син, сцената е трогателна

Шантел Кембел снимила прекрасен момент меѓу нејзините две деца. Оваа мајка сподели видео од нејзината 14-годишна ќерка и нејзиниот новороден син за првпат на TikTok, а реакцијата на нејзината ќерка воодушеви многумина.

Неколку моменти откако влегла во болничката соба, младата девојка почнала да плаче, а потоа ја прегрнала својата баба, им пришла на братот и мајка си. Не можела да ги сокрие емоциите кога го видела својот брат, а Шантел во тој момент знаела дека меѓу нив ќе биде сè во ред. Во еден од коментарите таа истакна дека нејзината ќерка не е пресреќна поради бременоста, но по првата средба нејзиното мислење се променило.

Во коментарите луѓето истакнаа дека се многу трогнати од сцената, а некои дури напишаа дека се расплакале. 

„Плачам поради потполни странци, многу сум среќна за вас“, „Каков прекрасен момент“, „Се надевам дека моите деца ќе имаат иста реакција за малото братче“, „Овие моменти за паметење за цел живот, убави“, се коментарите под видеото.