Жените во Македонија цел на интернет насилство

61 процент од жените во Македонија, се соочуваат со насилство на интернет, но бројот на жени кои го пријавуваат тоа кај надлежните органи се намалува, покажува истражувањето спроведено од УНДП, за родово засновано онлајн насилство. Претставникот на УНДП во земјава вели дека овој вид насилство не може да се игнорира, но не се пријавува поради слабата координација на надлежните институции за спроведување на правдата по ова прашање.