Има жени кои го имаат тоа нешто – енергија, став и неодолив изглед кој ги привлекува мажите со висок статус. Некои го прават тоа свесно, а некои едноставно зрачат со луксуз, самодоверба и софистицираност, што магнетски ги привлекува луѓето со богатство и моќ.
Во астрологијата, постојат знаци кои ги имаат токму овие квалитети – харизма, интелигенција и непоколеблива самодоверба. Тие не бараат успешни мажи, туку природно се собираат околу нив. Еве три хороскопски знаци кои произведуваат жени кои секогаш се во друштво на оние кои знаат да заработат и трошат големи суми пари.
Лав
Лавицата никогаш не бара внимание, таа едноставно го добива. Нејзиниот начин на одење, нејзиниот начин на зборување и нејзиното непогрешливо чувство за стил ја прават вистинска магнетна сила во секое општество. Таа не поднесува просечност и си ја знае вредноста, а богатите мажи тоа веднаш го препознаваат.
Она што Лавиците ги издвојува од другите е тоа што тие самите го сакаат луксузот. Амбициозни се, им се допаѓа најдоброто во животот и не се задоволуваат со ништо помалку од најдоброто. Затоа е природно да ги привлекува маж кој може да ги исполни нивните стандарди и кој сака да го покажува своето богатство. Тие не се материјалисти – тие се жени кои го очекуваат најдоброто и го добиваат.
Вага
Вагата е олицетворение на префинетост и добриот вкус. Тие не се само физички привлечни, туку знаат и како да се однесуваат во секој социјален круг. Имаат совршено избалансирана комбинација на убавина, шарм и интелигенција, што ги прави неодоливи за мажите кои се навикнати на високи стандарди.
Она што ги издвојува е нивната способност да се прилагодат на ситуацијата. Тие секогаш знаат кога да бидат суптилни и кога да блеснат во центарот на вниманието. Токму тоа го бараат моќните и богати мажи – жена која нема да ги засени, туку секогаш ќе им биде елегантна придружничка во секоја ситуација.
Шкорпија
Ако постои жена која никој не може да ја заборави, тоа е Шкорпија. Нејзината привлечност не е само во нејзиниот физички изглед – таа има енергија што влегува под кожа. Нејзината мистерија, страст и непоколеблива самодоверба привлекуваат мажи кои сакаат предизвик.
Она што ја прави посебна е тоа што не покажува премногу емоции, но сепак остава впечаток дека точно знае што сака. Богатите мажи сакаат жени кои се различни, оние кои ги заинтригираат и ги тераат да се трудат повеќе. Шкорпијата не освојува на класични начини – остава впечаток на жена вредна за освојување, а мажите кои се навикнати да имаат се што ќе посакаат сметаат дека ова е најголемиот предизвик.