Жените кои Путин се обидува да ги сокрие од јавноста: Од докторка до чистачка

Иако рускиот претседател Владимир Путин постојано се обидуваше да го сокрие својот љубовен живот, медиумите не се двоумеa да пишуваат за жените кои успеале да го освојат неговото „камено срце“. Иако официјално се ожени само еднаш и има две ќерки познати на целиот свет, често се шпекулира дека има потомство со уште две дами. Еве како изгледа семејното стебло на Путин.

Познато е дека Путин беше во брак со Људмила 31 година и дека заедно имаaт две возрасни ќерки Марија и Екатерина, но на јавноста не и беа познати долго време. Затоа секој нов детал за нив привлекува големо внимание.

На интернет нема официјални фотографии од децата на рускиот лидер, а се разговара и за нивните вистински имиња. Исто така, никогаш не е потврдено колку точно потомци има Путин. Тој толку цврсто се држи до својот план да не открива ништо за своето семејство што во 2015 година ја шокираше публиката со еден од неговите ретки коментари за неговите ќерки повеќе отколку со неговите размислувања за надворешната политика или корупцијата.

„Тие живеат во Русија и никогаш не живееле на друго место трајно. Студирале само на руски универзитети. Се гордеам со нив. Тие продолжуваат да учат и работат. Моите ќерки течно зборуваат три европски јазици. Една од нив дури зборува еден или два ориентални јазици. Ги прават своите чекори и успешни се“, рече тој.

Екатерина или Катерина Тихонова е помладата ќерка на Путин и има 36 години. Дипломирала германско училиште во Москва. Таа се омажи за Кирил Шамалов во 2013 година, а медиумите објавија дека парот се развел во 2018 година. Двојката го подели своето богатство од 2 милијарди долари. Катерина не го носи презимето на нејзиниот татко, туку го зела презимето на нејзината баба по мајка.

Таа се занимава со танцова акробатика и е многу успешна во тоа. Во 2019 година, таа стана член на советот на Руската светска федерација за танцови спортови. Долго време се шпекулира дали таа е ќерка на Путин, бидејќи многу личи на рускиот лидер.

Путин во интервју во 2011 година изјави дека Катерина дипломирала ориентални студии на Универзитетот во Санкт Петербург. Таа беше на чело на истражувачки институт за спонзорирање и поддршка на млади научници, кој беше делумно финансиран од нафтената компанија Роснефт. До 2014 година, таа помогна да се надгледува проширувањето на Московскиот државен универзитет, работејќи како врска со бизнис секторот.

Марија Воронцова или Марија Путина е најстарата ќерка на рускиот претседател и има 37 години. Родена е во Санкт Петербург. Студирала на државниот универзитет во Санкт Петербург, каде што дипломирала биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите пишуваа дека таа до неодамна живеела во Холандија, од каде што е и нејзиниот партнер, бизнисменот Јорит Фасен.Родителите на Марија не присуствуваа на нејзината свадба во Холандија.

Во интервју за Оливер Стоун, Путин призна дека станал дедо. Некои соседи на Марија и нејзиниот сопруг се убедени дека го виделе Путин како ја посетува.

Тука е Алина Кабаева, за која медиумите со години шпекулираат дека е девојка, свршеница или дури и сопруга на Путин. Никој навистина не знае каков е нивниот статус, но таа се забавува со него од 2008 година, кога тој сè уште беше во брак со Људмила.

Добитничката на олимписки златен медал во ритмичка гимнастика со години е во центарот на вниманието. Се вели дека Алина го има синот Дмитриј, кого наводно го добила со рускиот лидер. Во приказна за руски Вог, таа инсистираше дека тој е нејзин братучед, а не син.

Истрагата на швајцарските медиуми од 2021 година покажа дека Путин и Кабаева имаат два сина, едниот роден во Москва, а другиот во Швајцарија.

Алина не се огласи во медиумите за ова прашање, а Кремљ никогаш не зборува за приватниот живот на рускиот претседател.

На крајот на ноември 2020 година, во медиумите се појави вест дека Путин наводно има вонбрачна ќерка со чистачка која станала милионерка и сопственик на ноќен клуб познат по „еротски шоуа“.

Девојчето Луиза Розова е родено во 2003 година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека тој сè уште беше во брак. Нејзината мајка е наводно претприемачката Светлана Кривоногих. Фотографии од оваа тинејџерка кружат низ светските медиуми и на социјалните мрежи, а се коментира дека многу личи на рускиот претседател.