ТРГНАЛЕ НА МЕДЕН МЕСЕЦ, ПА ДОЖИВЕАЛЕ УЖАС – Двајца Хрвати биле во автобусот на смртта во Венеција: Младиќ се бори за живот

Слободна Далмација јавува дека во автобусот кој паднал од надвозникот недалеку од Венеција имало двајца хрватски државјани.

Како што неофицијално дознаваат, се работи за млад брачен пар на околу 20-тина години, кој се венчал пред 20-ина дена, а заминале на свадбено патување во Италија.

Според достапните, но неофицијални информации, младиот човек бил опериран и се наоѓа во една од блиските болници, додека се уште нема информации за неговата сопруга по несреќата.

оган, Венеција

Кобната вечер автобусот се враќал од центарот на Венеција и превезувал туристи во кампот Маргери, меѓу кои имало Украинци, Французи, Германци и двајца Хрвати. Повредените се пренесени во пет регионални болници, а четворица се во тешка состојба и се уште се на одделението за интензивна нега. -Тука има 19 мртви, двајца починаа во болница, така што вкупно 21 лице почина. Некои од повредените се добро, некои се критични во Падова, некои се изгорени. Четири деца загинаа – изјави Луиџи Бруњаро, градоначалникот на Венеција.

Анса извести дека во несреќата животот го загубиле новороденче неколкумесечно, 12-годишно момче и уште едно малолетно девојче.

Меѓу 15-те повредени, досега се идентификувани 11, четворица Украинци, двајца шпански државјани, двајца Австријци и по еден Германец, Французин и Хрват.