Постојат неколку типови на мажи кои поради своите карактеристики не се привлечни за жените.
Никој не е совршен и се разбира дека не постои идеален маж.
Сепак, колку и да се толерантни, жените не можат да прифатат мажи кои се однесуваат на одреден начин или имаат некои иритирачки особини.
Ова се типовите на мажи кои жените не можат да ги поднесат:
1. Агресивни мажи
Никој не сака агресивни и лути луѓе. Што се однесува до мажите, тие знаат да бидат прилично незгодни кога се агресивни, а на жените тоа воопшто не им се допаѓа. Овој вид на агресија доведува до семејно насилство, а таквите врски обично не траат долго. Затоа мора да се трудите да ги контролирате вашите страсти, бидејќи никој не сака да биде со манијак кој крши и фрла cè што му е на дофат.
2. Вреѓање на поранешните девојки
Ако ги навредува неговите поранешни девојки со секакви имиња, тоа само покажува дека немате почит кон нив и дека веројатно истото ќе го каже и за сегашната девојка.
3. Споредба со други жени
Женската суета е најлошата работа на светот, а ќе ја разбудите ако ја споредите вашата девојка со други жени. Избегнувајте такви споредби и обидете се да и’ покажете колку е единствена и посебна. Само така ќе го освоиш нејзиното срце.
4. Навреда на нејзината интелигенција
Ова е многу голем проблем кој мажите секогаш го игнорираат. Мажите имаат тенденција да се преправаат дека се паметни и мислат дека се посупериорни од жените, а тоа може да ги излуди жените. Само погледнете што се случува кога на една жена ќе и’ кажете дека е лош возач. Таа ќе почне да ,,плука оган” и сигурно ќе ви каже секакви работи. Затоа трудите се да и’ покажете дека и’ верувате на нејзината интелигенција и расудување и дека мислите дека сте еднакви на тоа поле.
5. Нема никој подобар од мене
Жените сакаат самоуверени мажи, но не и оние неми „убави мажи“, кои мислат дека се најубави и најдобри на целиот свет. Прифатете ги вашите маани и бидете искрени, бидејќи совршен маж не постои. Ако го направите тоа што е можно поскоро, повеќе ќе и’ се допаднете.