Жените полудеа по маникирот на Меланија Трамп: Нежни и привлечни нокти, ова ќе биде најголемиот тренд во 2025 година (фото)
Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради маникирот што го носеше на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Освен што ги врти главите во елегантен фустан на Ерве Пјер, се чини дека ноктите на првата дама можеби го започнуваат стариот/новиот тренд.
За оваа свечена пригода , Меланија Трамп се одлучи за најновиот тренд во светот на маникирот – глазирани нокти, кои одат со секој стил и облека.
Глазираните нокти се хит веќе неколку сезони, а жените толку многу ги сакаат што во меѓувреме се создадени различни варијации на овој нежен, но ефективен маникир. Па сега имаме нокти со ефект на сјај за усни, млечни, велнес…
Суштината на глазираните нокти е мазен, сјаен слој кој наликува на глазура направена од белки од јајце и шеќер во прав. Лакови од млечни и светли тонови се користат во комбинација со сјајна завршница.
Оваа техника вклучува нежни нијанси, како што се беж, пастелно розови или проѕирни тонови, со додавање на сјаен слој кој наликува на одразот на стаклото.
Маникир на Меланија беше во нијанса што совршено го надополнува нејзиниот класичен стил – софистициран, модерен и универзално привлечен. Првата дама уште еднаш покажа дека деталите можат да бидат клучен елемент за создавање совршен впечаток.