ЖЕНИ И ДЕЦА УБИЕНИ ВО НАПАДОТ НА ЦИВИЛНИОТ КОНВОЈ ВО ГАЗА! Палестинците бегаат на југ, меѓу десетиците тела најмладата жртва е 2 години
Би-Би-Си и Си-Ен-Ен јавија за експлозијата што се случи вчера попладне на една од двете рути што израелската армија им ги даде на палестинските цивили безбедно да го напуштат северниот дел на Појасот Газа и да заминат на југ од енклавата.
Британскиот јавен медиумски сервис соопшти дека првите извештаи за напад врз конвој цивили се појавиле синоќа, по што следеле снимки од масакрот.
Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал Дин во Газа, главниот пат што минува низ Појасот Газа од север кон југ.
Патот беше заглавен со возила во текот на вчерашниот ден по израелското предупредување за евакуација на областа пред очекуваната копнена офанзива.
Се наведува дека на видеото се гледаат најмалку 12 трупови, пред се жени и деца, од кои некои биле на возраст од две до пет години.
Повеќето тела лежат на приколката на камионот, додека останатите биле расфрлани на патот.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека се убиени 70 луѓе и го обвини Израел за нападот.
Си-Ен-Ен, исто така, објави дека геолокализирала и потврдила видео снимка од голема експлозија на рутата за евакуација на цивили од градот Газа.