Ако често патите од инфекции на респираторниот тракт, размислете да консумирате ѓумбир секојдневно, почнувајќи од денес.
Секојдневното консумирање женшен во текот на есента и зимата се покажа како одлично во спречување на настинки, грип и респираторен синцицијален вирус (RSV), откриваат резултатите од истражувањето објавени во списанието Nutrients.
Бидејќи вакцините против грип и РСВ сè уште не се 100% ефикасни, истражувачите одлучија подетално да го истражат ефектот на екстрактот од црвен женшен, кој веќе е докажано дека го зајакнува имунитетот.
Во оваа студија, истражувачите од Џорџија го проучувале ефектот на екстрактот од црвен женшен врз клетките на белите дробови инфицирани со грип.
Резултатите од студијата покажаа дека екстрактот од црвен женшен штити од бактериски и вирусни инфекции, како што се грипот и РСВ.
Постојат неколку видови на оваа хранлива билка, но експертите велат дека најефикасен е корејскиот црвен женшен, бидејќи содржи активни супстанции кои го забрзуваат одговорот на телото на стрес, болести и замор. Овие супстанции имаат антиинфламаторно, антиоксидантно и антиканцерогено дејство.
Претходните студии покажаа дека сите видови женшен можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот и намалувањето на нивото на слободните радикали во организмот, како и да се спречи појавата на хронично воспаление во организмот, што е главен фактор на ризик за голем број на болести. особено оние на срцето и кардиоваскуларниот систем.