ЖЕСТОК НАПАД НА КРИМ: Одекнуваат експлозии, пожари на неколку локации, погодена и базата на РУСКИТЕ МАРИНЦИ? (ВИДЕО)

Мета се аеродромите и воените објекти.

Десетина експлозии се слушнаа во Севастопол, на полуостровот Крим .

Русите објавија дека нивните системи за противвоздушна одбрана се оперативни, а телеграм каналот Кримски ветер објави дека се погодени неколку цели.

Еден жител за украинската јавна телевизија Суспилне изјави дека прво се слушнале десет експлозии, а по некое време уште четири.

Кримски ветер наведува дека по ударот избувнал пожар во заливот Козача, каде се наоѓа базата на руската 810-та поморска бригада.

Русите: Го одбиваме нападот

Оттаму додаваат дека на местото на нападот се испратени неколку противпожарни возила и амбулантни возила.

Тие нагласуваат дека дошло до многу силна експлозија кај Балаклава и дека „нешто гори во близина на аеродромот“ во Симферопол.

Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол, рече дека тие одбиле масовен напад врз Севастопол.

– Според прелиминарните информации, соборени се повеќе од 10 проектили. Ракетниот напад продолжува – напиша Развозаев.