Жесток одговор на Матиќ до играчот на Јунајтед: Кога си најлошиот голман во историјата на клубот, внимавај што зборуваш (видео)

Познатиот српски играч за врска Немања Матиќ во самракот на кариерата настапува за француски Лион, а во четврток со Лавовите ќе го одигра првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

Во пресрет на утрешниот меч одекна изјавата на Матиќ во која тој жестоко му одговори на голманот на Јунајтед Андре Онана, нарекувајќи го најлошиот голман во историјата на клубот од Олд Трафорд.

Тоа беше одговор на изјавата на Онана во која тој рече дека Јунајтед воопшто не треба да се фокусира на Лион.

“Лион е многу добар тим. Знаеме некои од нивните играчи, но мислам дека не треба да се концентрираме на нив, бидејќи сè зависи од нас, од тоа што ќе направиме. Се разбира, нема да биде лесно, но ние сме многу подобри”, самоуверено изјави Онана.

Ова очигледно го налутило Матиќ, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, за кого Србинот забележа 189 настапи.

„Ги почитувам сите, но ако сте еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед, треба да внимавате што зборувате. Да го кажеа тоа Давид Де Хеа или Питер Шмајхел или Едвин ван дер Сар, тогаш ќе се прашував. Но, ако статистички сте еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер Јунајтед“, рече Матиќ.

,,Размислете пред да кажете нешто”, додаде Матиќ алудирајќи на Онана.

Подоцна Онана му одговори на Матиќ и му возврати.

„Никогаш не сум покажал непочитување кон друг клуб. Ако ништо друго, го кренав трофејот со најголемиот клуб во светот. Некои луѓе не можат да го кажат истото“, изјави Онана заМатиќ, бидејќи со Јунајтед го има освоено ФА купот, додека Србинот не стигна до трофејот со „ѓаволите“ откако трипати беше шампион на Англија со Челзи.

Искусниот играч за врска претходно настапуваше за Челзи, со кој три пати беше англиски шампион, како и за Рома, Бенфика, Рен и споменатиот Јунајтед.

Дуелот Лион-Јунајтед се игра утре од 21 часот на стадионот на поранешниот француски шампион. Реваншот е следната недела во Манчестер.