ЖЕСТОК УДАР ЗА КРЕМЉ – Најразвиените земји во светот го планираат можеби најсилниот напад за Русија досега

Земјите на групата 7 односно Г-7 размислуваат за речиси целосна забрана за извоз во Русија, објави во петокот медиумската агенција Kyodo, повикувајќи се на извори од јапонската Влада.

Весникот Bloomberg, исто така, во четвртокот објави дека Соединетите Американски Држави (САД) и другите сојузници на Украина размислуваат за „целосна забрана за најголемиот дел од извозот во Русија“. 

Во извештајот се вели дека претставниците на Г-7 разговараат за идејата пред самитот во Јапонија следниот месец.

Запрашан за извештајот на Bloomberg, главниот јапонски секретар Хироказу Мацуно кажа дека Владата е свесна за тоа, но се воздржа од коментирање на размената на мислења меѓу земјите од Г-7 и другите нации кои на сличен начин размислуваат за можни дополнителни санкции против Русија.

Она што е важно да се стави крај на руската агресија што е можно поскоро, Г-7 да остане обединета за строги санкции против Русија и силна поддршка за Украина“, порача тој на брифингот со новинарите.