ЖЕСТОК УДАР ЗА ПРЕМИЕРОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Познат политичар од неговата партија обвинет за силување !?
Водечки конзервативен пратеник е уапсен под обвинение за силување, открива The Sun.
Испрашуван е и познат политичар, чие име од правни причини не е објавено, под сомнение дека поседувал недозволени супстанци.
Според британските медиуми, тој вчера, среда, бил сослушан во полиција.
Ова е најновиот удар за Риши Сунак и Конзервативната партија, која е погодена од низа обвинувања за разни скандалозни постапки, пишува The Sun.
Познатиот политичар и соработник на Риши Сунак, Крис Пинчер, беше отпуштен минатата недела, откако беше откриено дека несоодветно допрел некого во приватен клуб.