Жељко Обрадовиќ и Здравко Чолиќ на иста маса: Две легенди паднаа во транс кога пејачот им пееше на уво (Видео)
Тренерот на Партизан ужива во последните денови пред почетокот на подготовките.
Полека, но сигурно, кошаркарите на Партизан се подготвуваат за новата сезона во АБА лигата и Евролигата, а тренерот на црно-белиот тим Жељко Обрадовиќ се обидува да ги искористи овие последни денови за што повеќе да се опушти, пред она што го чека во следните 10 месеци.
Партизан вчера на свеченост наречена „Црно-бела симфонија“ го претстави тимот за следната сезона, а денес екипата треба да се собере и да ја започне напорната работа.
Во меѓувреме на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое може да се види како еден од најдобрите европски кошаркарски тренери ужива во друштво на, ни помалку ни повеќе, легендата на локалната музика, Здравко Чолиќ, во еден познат белградски ресторан.
Жељко и Здравко заедно уживаа во музиката, а на уво им пееше уште еден познат пејач Данијел Алибабиќ, кој само го сподели ова видео на мрежите со коментар „две легенди“ и ја отпеа песната на Чолиќ „Ноќ ми те дугује“.
Она што е интересно е дека Здравко Чолиќ е голем фан на Црвена Звезда, па останува непознато дали разговарал со Обрадовиќ за спортски теми.