,,Живеее во подрум и влегува низ гаража” – Беби Дол не е видена со месеци, соседите загрижени: Се скарала со своето момче и сега е во лоша ситуација (фото)

Поп-пејачката Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол, јавноста долго време не ја видела.

За да дознаат тамошните медиуми каде живее Беби Дол, отишле во Врачар, на неколку адреси кои биле познати како резиденција на поп пејачката.

Меѓутоа, откако смениле неколку локации, соседите тврдат дека Беби Дол по неколку преселби живее во стан сместен во подрум, но во домот влегува преку гаражата.

Кукла

– Не сме ја виделе долго време. Ми се чини дека последен пат прошетала овде пред два месеци. Последно што знам е дека живее во подрум и влегува низ гаражата – вели соседот кој живее две згради од Беби Дол, додека друг сосед тврди:

– Ја видов неколку пати кога се шеташе со нејзиното момче. Тие се расправаа. Не беше пријатно да се слушне такво нешто додека ги гледав. Улицата ја изореа двајцата. За жал, таа видно ослабе. Сосема поинаква Беби Дол од начинот на кој ја паметиме, таа е буквално непрепознатлива – тврди соседот.

По неколкучасовно чекање на Беби Дол, од неа немало ни трага ни глас, додека на нејзиниот прозорец имало решетки и спуштени ролетни.