,,Живееше заборавен од сите!” – Тони Монтано го продал станот пред смртта и планирал да се врати во родниот град: Соседот ја откри вистината (фото)
Велибор Миљковиќ, популарно познат како Тони Монтано, вчера беше пронајден мртов во својот стан .
– Во последните 10 години од животот имаше многу проблеми со финансиите бидејќи не можеше да живее од авторски права – не беа доволно за да ја прескокне границата на сиромаштијата. Ниту годините не беа на негова страна, па не можеше да настапи во задоволителна мера, а немаше многу покани за настап, дојдоа некои други времиња – како што наведува извор за српските медиуми и продолжува:
– Станот во кој живеел го продал на својот братучед и од тие пари успеал да добие се што му е потребно за пристоен живот. Во последните неколку месеци често зборуваше дека сака да се врати во родниот Бојник и таму да живее во мир, достоинствено. Ми рече: „Во Бојник секој што ќе ме сретне ми посакува добар ден, додека во Белград не ми се јавуваат ни луѓе што ги познавам. Таму имам сè што ми треба и сакам да бидам среќен таму и да го чекам крајот“ – изјави изворот многу близок до Тони.
Ова сознание го потврди и првиот сосед:
– Го продаде станот и дојде овде пред два дена со големи торби да спакува работи. Неговиот вујко и тетка живеат во соседството и се многу добри луѓе. Тони немаше љубов и внимание и поради тоа психички не му одеше добро во последните неколку дена. Го уби осаменоста – раскажува сосед за cрпскиот портал Курир.
Да потсетиме, испратената патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, сестра на вујкото на починатиот Миљковиќ Велибор, попознат по неговото уметничко име Тони Монтано, која изјавила дека не им се јавува на телефон и дека не отвора вратата од станот. Ангажирале бравар кој го отворил станот, каде на фотелјата бил пронајден музичарот. Екипа на брза помош излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Истражната екипа извршила увид и го запечатила станот. Нема знаци на насилна смрт. Телото со возило на Итна медицинска помош било пренесено во ИСМ.