Живее на ЈУЖНИОТ ПОЛ и открива МЕТОД НА ОБЛЕКУВАЊЕ што го грее и на МИНУС 70: Овој трик ви помага НИКОГАШ да не настинете – еве кои 4 слоја мора да ги носите
Американецот Џеф Капс е еден од ретките луѓе на планетата кој имал можност да живее на Јужниот пол, најстуденото место на светот. На Антарктикот температурата се спушта до минус 76, колку што е температурата измерена во најстудениот ден од оваа зима, а овој млад човек редовно снима извештаи за своето секојдневие во не така вообичаени услови.
Она што многумина ги интересираше е како Џеф се справува со толку студ и како се облекува за да биде подготвен да излезе надвор во тие тешки услови.
„Бидејќи Антарктикот е единственото место во светот на кое е толку студено, многу луѓе се прашуваат како се облекуваме за таков студ. Започнуваме со основен слој облека што е целата волна. Вториот слој се панталони обложени со руно и памучен џемпер“, открива тој, а потоа облеката ја комбинира со вградени водоотпорни комбинезони.
Сите три споменати слоеви служат за загревање на човекот , а потоа следува четвртиот слој, кој тој го нарекува „слој против ветрот“ – се состои од шушкава, многу топла јакна што ја следи линијата на телото за да ја задржи целата топлина.
Џеф носи и специјализирани чизми, капа обложена со крзно и три гами на вратот, од кои едната му го покрива речиси целото лице. Носи и дебели ракавици, како и светилка што ја става на челото, што му помага да види каде оди во темница.
Иако е добро напикан, температурите се толку ниски што не може да се остане надвор повеќе од 40 минути, а оваа опрема му служи само за пешачење помеѓу неколку објекти на Јужниот пол.
Едно од најгледаните видеа на Џеф е она на кое тој се обидува да се напие пиво надвор, што е буквално невозможно – во моментот кога почнал да го истура пивото во чашата, истата секунда се замрзнала. Истото му се случи и со кафето штом почна да го меша во шолјата, целосно се замрзна.
Надворешната температура на Јужниот пол редовно достигнува повеќе од три пати поголема од температурата на, да речеме, комерцијален замрзнувач кој работи на околу минус 20. Тоа значи дека на такви температури храната би замрзнала за неколку секунди ако едноставно ја оставите надвор.
Интересно искуство, нема што!