Животот на Златан се претвори во пекол! Синот тешко болен при раѓање: Ибра побегнал од болница, немал сила да се соочи со вистината

И богатите плачат!

Често употребуваната флоскула важи и кога е Златан Ибрахимовиќ во прашање.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше статус на некој кој во животот му „цветаат само рози“. Сепак, тоа е далеку од вистината.

Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“, чиј автор е Дејвид Лагеркранц, зборуваше и за тешките моменти низ кои поминал, кога ниту парите, ниту влијанието немале никаква важност.

Секако, татковството е нешто што е најважно во животот за Ибрахимовиќ. Меѓутоа, кога се родил синот Максимилијан, тој бил болен.

„Со Макси сè беше чудно и забележавме дека многу повраќа. Освен тоа, не се дебелееше, туку слабееше. Не знаевме зошто. Дали е нормално? Повраќаше постојано, ние не ја знаев причината за тоа. Се јавив на семејството, пријателите и сите ме тешеа, но не верував. Се обидував да се утешам“, признал Ибрахимовиќ.

Златан и неговата сопруга Хелена морале брзо да реагираат кога дознале дека нивниот син е болен.

„Целото тело ми беше во грч. Никогаш не сум се чувствувал вака. Додека не го добив своето дете бев господин недопирлив. Можев да бидам лут и луд, можев да покажам секакви емоции. И сè може да биде решено ако си силен, упорен, но ова не е ништо слично. Овде бев немоќен, едноставно ништо не можев да направам. Макс од ден на ден стануваше сè послаб и послаб, тој беше толку мал и сега навистина можеше да кажеш дека е кожа и коски.Изгледаше дека животот сака да го остави“.

Неговата сопруга го известила дека новороденчето мора да оди на итна операција на стомакот, а Златан тогаш се подготвувал за важен состанок.

,,Не се сеќавам на патот до болницата. Се сеќавам само на болничките ходници и мирисот. Истрчав и прашав само каде, каде е, конечно ме однесоа во големата сала каде што лежеше Макси во инкубаторот. Тој беше помал од кога било, како мала птица. Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го извадија срцето од градите: „Ве сакам двајцата. Вие сте ми сè. Не можам да живеам без вас. Јави ми ако нешто ти треба, и ‘реков на Хелен и побегнав…“ изјави Златан.

За среќа операцијата била успешна.

„Макси сè уште има лузна. Тој се чувствува здрав како сите деца на негова возраст и често се сеќавам на тој настан. Тоа ми дава подобар поглед на животот, искрено“, истакна Ибрахимовиќ.

Не долго потоа, тој и неговата сопруга Хелена Сегер добија уште еден син, Винсент, кој беше повикан во шведската репрезентација.

Ибрахимовиќ на почетокот на јуни се прости од својата активна играчка кариера, а наскоро би можел да стане советник во Милано, каде што играат неговите синови.