“ЖИВ И ЗДРАВ СУМ!“ – Се огласи Џорџ Сорос по гласините дека наводно починал: “Тоа е целосна лага…“

Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на социјалната мрежа Твитер со објава – демантирајќи ги гласините дека починал, кои од синоќа се актуелни на оваа социјална мрежа.

Гласината дека милијардерот (92 г.) починал започна на страницата Politics For All Ireland, која во меѓувреме ја избриша контраверзната објава.  Оттогаш објавата стана вирална, но неговиот портпарол MailOnlinе ја демантираше веста за смртта додека самиот Џорџ Сорос се огласи на социјалната мрежа Твитер.

 „Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, гласи во објавата на милијардерот.

Да потсетеме, Џорџ Сорос неколку пати на Интернет беше „прогласуван за мртов“.