Една од најубавите жени на светот Жизел Бундхен чека дете на 44 години, пишува магазинот People.
По разводот со Том Брејди, манекенката во 2023 година стапи во врска со Хоаким Валенте, со кој сега го очекува своето прво дете.
Жизел има две деца од претходниот брак.
– Жизел и Јоаким се среќни поради ова ново поглавје во нивните животи и со нетрпение очекуваат да создадат мирна и љубовна средина за целото семејство – изјави за медиумите извор близок на парот.