ЖИРАФАТА ГО ГРАБНА ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ: Шокантна сцена на сафари, девојчето седело со мајка си, а потоа и пришло ГЛАДНО ЖИВОТНО (ВИДЕО)
Жирафа грабнала двегодишно девојче од автомобил за време на возење на сафари во Тексас!
Џејсон Тотен (24) и Сиера Роберт (23) со нивната ќерка го посетија Центарот за диви животни Фосили Рим во Глен Роуз, југозападно од Далас. Центарот исто така им овозможува на посетителите да ги хранат дивите животни додека возат низ паркот. Сиера и двегодишната Пејсли седеле на отворен простор на возилото кога стигнале до жирафата.
Родителите и рекле на ќерката да ја нахрани жирафата подавајќи и ја раката на која имала храна, но животното неочекувано посегнало во автомобилот и го кренало детето за кошулата додека другите посетители со неверување гледале во него.
– Срцето ми застана – изјави Џејсон за локалните медиуми.
Таткото објаснил дека жирафата не ја зграпчила злонамерно неговата ќерка и дека тоа е прилично невина грешка.
„Таа случајно ја зграпчи нејзината кошула и ја зеде Пејсил“, рече Џејсон.
Жирафата брзо ја сфатила својата грешка и го пуштила детето да си оди. Пејсли не била повредена за време на инцидентот, додека нејзините родители велат дека не била ни исплашена.
– После тоа Пејсли сакаше играчка жирафа и маица со жирафа од продавницата за подароци, па ги добивме. Дефинитивно ќе се вратиме да ги посетиме жирафите во иднина – додаде Џејсон.