Дел од жителите на општина Ѓорче Петрови денеска излегоа на протест, како револт за новиот државен урбанистички план со кој се предвидува изградба на 30 нови згради во општината и 4000 нови станови.
„Изградбата на овие објекти ќе донесе дополнителни проблеми во иднина. Затоа бараме прекин на градбата на зградите, а не за изградба на училиште и градинка во општината. Целосно ја поддржуваме изградбата на училиште и градинка“, порачаа учесниците на протестот.