Жител на Нови Пазар (28) погина во Украина: Им помагаше на ранетите и цивилите, па умре! Едно сè уште е мистерија

Младиот Е.З.(28) од Нови Пазар е убиен во Украина, каде доброволно отишол да им помогне на ранетите и цивилите.

– Нови Пазар е во шок, никој не знае како овој храбар млад човек завршил во Украина, но се знае дека претходно работел како обезбедување, а подоцна и’ се приклучил на војската на Србија, вели извор запознаен со случајот.

„Санџак лајв“ наведува дека Е.З., како што неофицијално дознаваат, го загубил животот во Украина додека „несебично пружал помош на повредените и цивилите за време на конфликтот во оваа земја разурната од војна“.

Вестта за неговата наводна смрт се појави и на украинската Фејсбук група „Потрага по луѓе за време на војната“, каде се бараат информации за членовите на неговото семејство.