ЖОЗЕП БОРЕЛ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ И УПАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО СЕРГЕЈ ЛАВРОВ – “Да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети!“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пристигна во Скопје по повод 30. Министерски состанок на ОБСЕ кој официјално започнува утре со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 1. декември.

Првиот човек на европската дипломатија беше пречекан од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а по нивната средба тие одржаа и заедничка прес-конференција од Влада.

Димитар Ковачевски му се заблагодари на Жозеп Борел што посетата во Скопје ја започнал токму во Владата на Република Северна Македонија.

Жозеп Борел од говорницата во Владата имаше остри пораки до Руската Федерација односно до претседателот Владимир Путин:

Вашата одлука да дозволите Сергеј Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Сергеј Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него него да слушне зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел по средбата со Димитар Ковачевски во Владата.