Жозеп Борел тврди: “Русија ја користи храната како оружје!“

Европската унија ги предупреди земјите во развој дека Русија им нуди евтино жито за да создаде „нови зависности“ и да ја влоши економската ранливост и глобалната несигурност во храната, пишува весникот The Guardian.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, испрати писмо до земјите во развој во кое ги повикува да се обединат и да побараат од Москва повторно да го воспостави коридорот за жито кој минува низ Црното Море, што ќе и овозможи на Украина непречено да го извезува своето жито. Покрај тоа, тој им порача да побараат од рускиот претседател Владимир Путин да престане да ја напаѓа земјоделската инфраструктура на Украина.

Русија посегнува до ранливите земји и им нуди решение за проблемот што самата го создава“, вели Жозеп Борел и нагласува: „Тоа е цинична политика и користење на храната како оружје“.