ЖОЗЕ МУРИЊО НАПРАВИ СЦЕНА КОЈА РЕТКО СЕ ГЛЕДА – Португалецот по натпреварот веднаш се извини: “Ова го имам направено само три или четири пати во кариерата…“
Со победата против Рома, Болоња стигна до местото кое води во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо направи изненадувачки потег во оваа игра.
Болоња како домаќин имаше гол предност на полувремето, а Португалецот се обиде да го „рестартира“ својот тим кој беше надигран во првото полувреме.
Од 46. минута на теренот наместо Леонардо Спинакола беше Ренато Санчез.
За жал тактиката на Жозе Мурињо пропадна и Болоња постигна нов гол во 49. минута, а тренерот на „Волчицата“ наскоро одлучи да направи нови промени. Заедно со Диего Љоренте игра ја напушти и Ренато Санчез, кој дури 15 минути не беше на теренот.
Наместо тие двајца, Жозе Мурињо на терен ги испрати Сардар Азмун и Едуард Бове, а одлуката за смена на Ренато Санчез ги изненади сите на стадионот, особено фудбалерот кој игра на позицијата заден играч за врска.
„Сакам јавно да му се извинам на Ренато Санчез, знам дека ова е многу тешко за фудбалер, но тешко е и за тренер. Имам направено вакво нешто само три или четири пати во кариерата и никогаш не беше лесно“, изјави Жозе Мурињо по натпреварот.
Поранешниот играч на Бенфика и Баерн Минхен оваа сезона настапува во Рома како позајмен играч од Парис Сен Жермен.
По 16 кола во Серија А, Рома е на седмото место со 25 бодови.